Македонија интензивно ги реконструира и модернизира железничките пруги за да се овозможи движење на возовите со поголеми брзини од сегашните 50 до 60, на 100 до 120 километри на час. Вчера во МЖ-Инфраструктура беше потпишан договор со бугарската компанија ЦК-13 Холдинг ЈСЦ, која за една година треба да заврши реконструкцијата на железничката пруга од Ногаевци до Неготино која е дел од Коридорот 10. За рехабилитација на оваа делница во должина од 31 километар обезбедени се средства во висина од 9,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Во Македоинија првпат ќе се вградат шини стандард 60, што значи дека ќе се создаде поголема стабилност за поминување на возовите и ќе се добие проектираната брзина на возовите од 100 до 120 километри на час.
Македонија интензивно ги реконструира и модернизира железничките пруги за да се овозможи движење на возовите со поголеми брзини од сегашните 50 до 60, на 100 до 120 километри на час.
Вчера во МЖ-Инфраструктура беше потпишан договор со бугарската компанија ЦК-13 Холдинг ЈСЦ, која за една година треба да заврши реконструкцијата на железничката пруга од Ногаевци до Неготино која е дел од Коридорот 10. За рехабилитација на оваа делница во должина од 31 километар обезбедени се средства во висина од 9,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.
- Во Македоинија првпат ќе се вградат шини стандард 60, што значи дека ќе се создаде поголема стабилност за поминување на возовите и ќе се добие проектираната брзина на возовите од 100 до 120 километри на час. Ќе се реконструираат и пероните на стојалиштата Ногаевци, Стоби и Црвени Брегови и на станиците Градско, Кукуричани и Криволак - истакна директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани по потпишувањето на договорот.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески потпишувањето на договорот е уште една потврда дека Владата посветено работи на подобрување на железничкиот сообраќај во државата.
Последниот ремонт на делницата Ногаевци - Неготино е извршен во 1968 година, односно пред 45 години. Со неа ќе се заокружи санирањето на 28-те црни точки на железничките пруги низ државата каде возовите мораат да се движат со намалена брзина поради старите и дотраени пруги.